Одлуката на Антикорупциска комисија со која се констатира судир на интереси за доктор Калина Гривчева Старедлова која е и директор на Клиниката за гастроентерохепатологија и претседател на Лекарската комора датира од 22 ноември 2019 година. Во истата, пак, е наведено дека откако ќе биде доставена во рок од 15 дена Старделова треба да достави доказ до Антикорупциска дека се откажала од една од функциите. По повеќе од два месеци молк од Старделова, а нема реакција ниту од  институциите.

Правниците коментираат дека според праксата пробиени се сите рокови.

-Доколку има одлука на 22 ноември истата треба во разумен рок и да биде доставена, а не по месец дена. Оттука значи дека до сега требало да следи и дејствие. Тоа значи дека Стардлова требало да се откаже од една од функциите и веќе да има и доставено доказ до Антикорупциска, коментираат правници.

Според нив неизвршувањето на Одлуката на Антикорупциска може да се толкува како неажурност на институциите.

Во Одлуката се наведува дека според Законот за спречување на корупција и конфликт на интереси Старделова не може да ги извршува двете функции. Или според  член 44 став 1 „избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“ и според став 5 од истиот член „избрано или именувано лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице со доминанен државен капитал не може да врши функција на член на управен одбор или на друг орган на управување во трговско друштво или друго правно лице што се занимава со дејност со која се остварува профит“.

Според член 105 од законот ба службено лице ќе му се изрече глоба во износ од 300 до 500 евра во денарска противвредност на лице кое спротивно на членот 44 врши функција која е неспоива со функцијата ккоја веќе ја врши.

-Старделова според  Законот не смо што треба да се откаже од една од функциите треба да плати и казна, коментираат правниците кои потсетуваат дека сите овие дејствија треба да завршат во разумен рок.

За Старделова имаше претставка до Антикорупциска која беше поднесена срединатата на 2019. Претставката следеше поради тоа што Старделова е директор на Гастро, а претседателот на Лекарската комора ја контролира работата на директорите на јавните здравствени институции. Значи Старделова како претседател на Лекарската комора ја контролира Старделова коај е директор на Гастро.