Ја нарекуваат тајна болест, бидејќи нејзините симптоми се појавуваат доцна. Ја нарекуваат и женска болест, бидејќи посебно во делот на менопауза најмногу страдаат коските кај жените. Остеопорозата е се почеста состојба, се зборува за неа и се работи на нејзина превенција. Тоа е состојба каде коските стануваат порозни, меки и кршливи. Оваа ситуација, во голем степен придонесува за појава на сериозни скршеници дури и при лесни падови и удари. Скршениците на колк кај постарите лица, кои се проследени со неспособност за извршување на основните дневни активности, многу често се случуваат поради присуство на остеопорозата.

Како да си помогнеме самите на себе и да ја превенираме оваа состојба? Најлесен и наједноставен начин е преку храната, односно со внесување на препорачаната количина на витаминот Д3 во организмот. Функцијата на витаминот Д3 е да го стимулира калциумот за подобро апсорбирање и сврзување во самиот организам. Како примарни производи кои содржат Д3 витамин односно калциум се млекото и млечните производи, рибиното масло и жолчката од јајце. Овде, исто така спаѓаат и туната, лососот, говедскиот дроб, сок од портокал, спанаќ и блитва.

Млекото секако е клучен извор на овој витамин и токму заради широката и секојдневна консумација на млекото, Битолска млекара своето постоечко свежо млеко дополнително го збогати со уште Д3 витамин. Така, свежото млеко од Бимилк е единственото на пазарот коешто во една чаша од 250ml е содржано 37,5% од препорачаниот внес на Д3 витамин.

Зголемената физичка активност, помало консумирање алкохол и цигари и соодветна исхрана каде има зголемен степен на калциум се од голема помош за превенција на остеопорозата.