Ракот на панкреасот е на четвртото место како причина за смрт кај малигните болести. Тој тешко се утврдува во ран стадиум, кога се уште нема никакви симптоми.

Професор доктор Антон Билчик, гастроентеоролог од Институтот за тумори во Санта Моника појаснува неколку поважни симптоми.

Очите и кожата ви се жолти

Ова можат да бидат симптоми за проблеми врзани со алкохолизмот, откажувањето на црниот дроб или рак на панкреасот, затоа што поголемиот дел од туморот на панкреасот се развива на горниот дел на органот па така можат да го блокираат жолчниот канал. Без разлика на сите причини, овие симптоми не смеете да ги игнорирате.

Изгледате како да сте трудни во четврт месец

Ако сте осетиле надуеност после обилен оброк нема причина за паника, но ако останете надуени неколку дена, тоа е веќе сигнал за вклучување на алармот. Ова е еден од првите симптоми кои жените ги забележуваат, но не посетуваат лекар затоа што веруваат дека ќе помине. Веројатно не се работи за рак, но секако е работа која би требало да се испита.

Мака ви е од омилениот десерт

Губењето на апетитот е уште од важните симптоми на рак на панкреасот. Како туморот расте, така ги притиска останатите органи, може да му „пречи“ на желудникот. Резултатот е чувство на слабост и прејадување, иако сте изеле малку.

Губите килограми.

Губењето на апетитот може да доведе до забрзано губење на килограмите, а ако никако не можете себеси да си објасни, можеби би требало да посетите лекар.

Ве боли долниот дел од грбот

Овој тумор не само што предизвикува проблеми со желудникот, туку може да ги притиска и останатите делови од телото како што се грбот и мускулите, кои го опкружуваат. Ако е болката константна, секако би требало да посетите лекар.