Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Абхан Гебрејесус, денеска изјави дека е уверен во способноста на Кина да го сузбие ширењето на коронавирусот, кој досега одзеде 106 животи.

Тој порача дека смета оти би требало да се евакуираат странците од таа земја, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

За време на состанокот со државниот советник Ванг Џием во Пекинг, генералниот директор на СЗО рекол дека ги одобрува мерките на владата за спречување на епидемијата.