Колку пати ви се случило да купите пилешко во продавница за да направите ручек или вечера, но не сте стигнале или едноставно не ви се ви се јадело па сте го ставиле во фрижидер? Тогаш, дали знаете колку долго тоа парче пилешко може да стои во фрижидер и како да знаете кога е расипано? Постојат три работи кои можете да ги видите дали пилешкото е расипано, а тоа е бојата, мирисот и текстурата.

Пилешкото природно има многу светла, розова боја, а ако забележите дека бојата избледува и се претвора во сива и темна боја, тоа значи дека пилешкото се расипува. Покрај тоа, расипаното пилешко има многу силен и лош мирис кој веднаш укажува дека веќе не е добро да се јаде. Нормално е и природно пилешкото да има малку лигава и влажна текстура, но ако остане таква и после миењето, пилешкото повеќе не е добро и треба да се фрли.

Фрижидер може да трае и неколку дена по рокот испечатен на пакувањето, ако забележите некој од овие три знаци, најбезбедно е да го исфрлите. Кога се работи за варено или печено пилешко, тоа може да остане во фрижидер три или четири дена, ако е соодветно складирано, што значи дека мора да биде во сад во кој не влегува воздух. Ако ја промени бојата, фрлете го во ѓубре и верувајте на своите сетила!

На крајот, секогаш е најважно вашето здравје, па ако и само се сомневате дека пилешкото е расипано, подобро фрлете го наместо сериозно да се разболите.