Загадувањето на воздухот е еден од најголемите проблеми со кој се соочуваме и кој станува сериозна закана за нас. Мерките против загадувањето и доведувањето во границите на нормалата е една од забелешките на Европската комисија и препрека на патот за влез во Европската унија.

Актуелностна на темата и третирањето на прашењето со аерозагадувањето и зголемената концентрација на ПМ  честичките во воздухот е тенденциозно присутна, а тоа ме тера да се навратам и на ветувањата на Зоран Заев кој во предизборната кампања ветуваше чист воздух во сите општини и тоа му беше еден од главните адути со кој настапуваше. Но, и тоа остана само уште едно празно ветување, а загадувањето драстично зголемено.

Високата концентрација на ПМ  честички во воздухот ги полни секојдневно клиниките низ целата држава со луѓе и деца кои имаат респираторни проблеми. Македонските градови се на врвот на листата најзагадени градови во Европа, каде што концентрациите на ПМ 2,5 честичките на годишно ниво достигнуваат и до 70 микрограми на метар кубен. За жал, оваа груба реалност ниту ги погодува надлежните, ниту се делува со конретни мерки против загадувањето.

Министерот за здравство Венко Филипче воопшто не покажува интерес за воведување превентивни мерки, неводејќи грижа дека во Македонија загадувањето убива 3000 лица годишно. Министерот Филипче очигледно занемува пред фактите на Светската здреавствена организација дека смртноста од последиците од загадениот воздух во Македонија е над 125 лица на 100.000 жители, повеќеод од двојно повисока од европскиот просек. Се чини дека и министерот за животна средина, Јани Макрадули нема идеја, а уште помалку желба за да се справи со проблемот со загадувањето.

Долготрајната изложеност на ПМ  честичките ја зголемува вкупната смртност во просек за шест отсто. Секојдневно се зголемува бројот на канцерогени и кардиоваскуларни болести, а сето тоа се должи на загадениот воздух на кој се изложени граѓаните. Додека ни снемува чист воздух, донесувачите на одлуки и годинава не испорачаа соодветен буџет и сеопфатна стратегија за горливиот проблем со загадувањето, а како последица на тоа амбулантите секојдневно се полни најмногу со пациенти кои имаат респираторни проблеми.

Во таа насока 35 отсто од болестите се причинети од аерозагадувањето. Стапката на смртност е највисока во зимскиот период, кога всушност се највисоки и концентрациите на штетни материи во воздухот. Во однос на болестите што се во директна корелација со загадувањето, станува збор за три големи групи заболувања, и тоа: исхемична болест на срцето, мозочен удар и рак на белите дробови. Овие болести, кои се последица од аерозагадувањето, се водечка причина за смрт на подрачјето на Македонија. Загадувањето, исто така, го зголемува ризикот од дегенеративни болести како што се Алцхајмеровата болест и други форми на деменција. А според проценката на СЗО комбинираните ефекти од загадувањето на воздухот предизвикуваат околу седум милиони смртни случаи секоја година, главно како резултат на зголемената смртност од мозочен удар, срцеви заболувања, хронична опструктивна пулмонална болест, рак на белите дробови и акутни респираторни инфекции.

Овие погубни и поразителни факти не им значат ништо ниту на надлежните во Министрството за животна средина и Министерството за здравство, ниту на ресорните министри, Јани Макрадули и Венко Филипче, а уште помалку на Локалните самопурави и градоначалниците во најзагадените општини: Скопје, Тетово, Битола, Велес, Куманово, Штип.

Но, затоа Европската комисија тужи земји  членки поради загден воздух. Таков е случајот со Бугарија која доби тужба од Европската комисија пред Судот на правдата поради надминување на дозволената граница на ПМ 10 честичките. Тужба поради загадувањето доби и Владата на Велика Британија поради тоа што не успева да го заштити здравјето на луѓето од загадувањето на воздухот, а случајот е покренат од организацијата „Клин ертх“.

Каде сме ние на патот кон ЕУ со оваа енормна загаденост? Ќе успееме ли да се справиме и да го намалиме аерозагадувањето со конкретни мерки?

За жал остнаа само популистичките мерки кои „наводно“ се реализираат со скромен буџет и празните ветувања.

Алармантно се наметнува фактот за сериозен третман на проблематиката, а министерот за здравство и министерство за здравство потребно е да ги следат препораките на СЗО и најитно да излезат со превентивни мерки за да ги заштитат хронично болните и најпогодените категории граѓани. Затоа е потребно да се предоложи:

  • Ограничена употреба на автомобили
  • Промовирање употреба на електрични возила
  • Поттикнување на пренасочување од приватни патнички возила кон јавен превоз
  • Вклучување аларм за прогласување вонредна состојба
  • Препорака за скратено работно време, посебно кај пациенти со ХОБ, астма, кардиоваскуларни заболувања, лица над 60 години, трудници и други
  • Препораки во училиштата и градинките и прекин на наставата доколку се наметне потреба.

Верувам дека и министерството за животна средина во иднина сериозно ќе се занимава со аерозагадувањето и ќе обезбеди здрава животна средина и чист воздух за граѓаните на Република Македонија, а Владата ќе го зголеми буџетот и ќе обезбеди повеќе средства за овој проблем.

Доктор Кирил Лазов