Познато е дека зелениот чај има здравствени придобивки, а докажано е и дека помага во губење на тежината.
Сепак, она што е важно е во каква форма и како го консумираме.
Постојат различни производи кои содржат зелен чај, од јогурт, сок до тестенини, но прашањето е дали делува на топење маснотии кога се во оваа форма.

Не треба да содржи шеќер
Во денешно време, зелените чаеви со додавање на овошје или други вкусови стануваат сè попопуларни, но прашањето е дали тие се навистина ефикасни.

Нутриционистот Кери Глазман тврди дека придобивките од зелениот чај не треба да се намалуваат со додавање на различни вкусови. Ако додадениот вкус вклучува шеќер, тогаш чајот може да содржи повеќе калории и нема да ги истопите маснотиите.
Треба да отстои од две до четири минути 

Квалитетот на зелениот чај може да варира од бренд до бренд, во зависност од дополнителните состојки. Затоа, не заборавајте да изберете чај кој нема вештачки конзерванси, туку оној со природни состојки.
Важно е да се знае дека водата не треба да врие, и штом се појават првите меури, тргнете ја водата од огнот и истурете ја преку чајот.
Оставете да отстои 2 до 4 минути.
Чајот има најдобар ефект ако се служи жежок.

Рок на употреба:
Колку е чајот посвеж, толку повеќе ќе имате корист од тоа.
По отворањето, чајот не треба да стои повеќе од шест месеци, бидејќи потоа ги губи своите својства и антиоксиданти кои го забрзуваат метаболизмот и ги топат мастите.