Дванаесет деца заболени од грип во текот на изминатиот викенд се задржани на лекување на Детската клиника во Скопје.

12 од 200 прегледани деца со симптоми на грип се примени на клиниката за Детски болести изминатиов викенд. Висока температура и кашлица се заеднички за децата кои останале на клиника поради потешка состојба. Доктор Наташа Алулоска апелира до родителите – децата со симптоми на грип кои немаат други хронични заболувања да не ги носат веднаш на клиника – туку најпрво да се обратат кај матичните доктори.

Последните податоци на Институтот за јавно здравје покажува дека во текот на минатата недела регистрирани се 1 600 заболени од грип, што е зголемување за 45% со неделата пред неа кога беа регистрирани 1 100 заболени. Најголем број случаи се на возраст од 15 до 64 години.

Поради компликации од грип пак, едно лице е ставено и на апарати за дишење, на клиниката за Инфективни болести.

Докторите апелираат почесто да се мијат рацете и  да се избегнува директен контакт со заболени.