Во Градскиот парк во Скопје, сред бел ден, на 01.02.2020 во 17 часот, при преглед од страна на полицијата, уапсен е скопјанец кај кого била пронајдена марихуана. Скопјанецот е Горјан Гилевски вработен во кабинетот на министерот за здравство Венко Филипче, против кого е поднесен соодветен поднесок, од страна на МВР.

Ова не е единствен случај каде имаме љубител на опојни дроги кој истовремено е носител и на јавна функција и тоа во време на владата на СДСМ. Претходно, Павле Богоевски, екс пратеник од СДСМ, беше снимен како нарачува полче (под претспоставка кокаин), за кое и самиот тој призна дека станува збор за недозволена супстанца, масло од канабис од “домашно “ производство.

Сето ова се случува во време кога светот се наоѓа пред опасна епидемија на новиот коронавирус, кој полека, но сигурно чука на нашата врата, а истовремено македонскиот здравствен систем е исправен пред предизвик и македонските граѓани не се сигурни дека истиот ги има потребните капацитети да се справи со епидемија од вакви размери. За да бидат нештата поинтересни, ако се појави пациент со коронавирус во границите на нашата држава, ние примерок ќе испратиме во Србија да го тестираат, бидејќи министерството за здравство нема распишано тендер за набавка на реагенси.

И така, додека светските здравствени власти работат деноноќно и мака мачат како подобро да се справат со вирусот или да го искоренат, односно да пронајдат вакцина, нашите македонски здравствени власти се во состојба на уживање и екстаза. До кога фотељите и позициите дадени од граѓаните ќе бидат користени за сопствен интерес, односно злоупотребени? – се само дел од прашањата на кои наидуваме деновиве по социјалните мрежи.