Има популарни комбинации со храна кои ги практикуваме без да бидеме свесни колку се лоши за нашето здравје. 

Според сајтот BrightSide овие 6 комбинации треба да ги избегнувате:

сендвич и кафе 

Ако пиете кафе, а при тоа јадете сендвич со квалитетно сирење, веќе квалитетот на сирењето не е важен. Јаглените хидрати од лебот спречуваат калциумот да се свари, а ако на тоа додадеме и кафе, организмот нема никакви придобивки. 

домат и краставица

Овие две состојки го нарушуваат биохемискиот баланс во телото. Витамините од нив нема соодветно да се сварат. 

компир и месо

Намирниците од ваква комбинација долго остануваат во организмот и создаваат токсини. 

паста и мелено месо

Исто е како компирот и месото. Ова е исто комбинација која може да доведе до појава на дијабетес. 

пиво и кикиритки

Оваа намирница е многу солена и ќе доведе до тоа да пиете повеќе пиво. 

млеко и банана

Некои нутриционисти сметаат дека слаткото овошје и млекото не треба да ги мешате заедно или со други намирници затоа што така долго остануваат во телото.