Со едукативната кампања „Ги запознаваме ретките болести“ на Здружението за лица со ретки болести „Живот со предизвици“, секој ден во февруари се зборува за една ретка болест, начинот на дијагностицирање, третман и предизвиците со кои се соочуваат луѓето што живеат со неа. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се пристапни и достапни лековите? – се прашањата кои се откриваат во кампањата.

Хемофагоцитната лимфохистиоцитоза
MKB D76.1
Hemophagocytic lymphohistiocytosis

Хемофагоцитната лимфохистиоцитоза е представува група на болести со потекло макрофагите кои се карактеризирани со брз, фатален тек. Главните клинички симптоми вклучуваат треска, масивна спленомегалија, би- или панцитопенија, гипофибриногенемија, хипертриглицеридемија, симптоми на ЦНС. Лимфохистиоцитозата се дели на две групи – основни (семејни и спорадични) од автосомно рецесивен начин на наследување и секундарни поврзано со разни инфекции, слаб имунитет, автоимуни заболувања и друг вид на клеточна хистиоцитоза.

Епидемиологија:

Примарната (фамилијарна и спорадична) хемофагоцитна лимфогистиоцитоза се јавува во различни етнички групи и е распространета ширум светот. Инциденцата на примарна хемофагоцитна лимфогистоцитоза, според J.Henter, е околу 1,2 на 1.000.000 деца на возраст под 15 или 1 на 50.000 новороденчиња. Овие показатели се споредливи со распространетоста кај новороденчињата на фенилкетонурија или галактоземија.

Односот на заболени момчиња од девојчиња со примарна хемофагоцитна лимфогистоцитоза е приближно еднаков. Кај 56-80% од децата болеста се развива во првата година од животот, а кај некои од нив се дијагностицира уште при раѓање,а додека кај кај околу 20% од децата првите клинички знаци на болеста се јавуваат по 3-годишна возраст. Постојат и податоци за развој на болеста на подоцнежна возраст: 6, 8, 12, 25 години. Важно е да се напомене дека возраста на афектираните браќа и сестри е многу често иста. Околу половина од случаите имаат позитивна семејна историја .

Овој тип на хистиоцитоза може да биде примарен или секундарен. Во првиот случај, болеста се пренесува од родители (автозомно рецесивен начин на наследување) со клинички тек од потежок степен (без третман завршува со смртта). Појавата на секундарна лимфохистиоцитоза е поврзана со инфективен или неопластичен процес, како и болести на имунитетот.

Клиничките манифестации на болеста се различни:

– Треска со продолжено времетраење
– еритематозно-папуларен осип при достигнување на пикот на високата телесна температура;
– зголемување на големината на црниот дроб и слезината;
– оштетување на нервниот систем (менингеални симптоми, зголемен интракранијален притисок, хемиплегија, итн.);
– ДИК синдром; (дисеминирана интраваскуларна коагулопатија);
– панцитопенија (анемија, неутропенија, тромбоцитопенија) во крвта во комбинација со лимфоцитоза;
– зголемени нивоа на серумски трансаминази, билирубин и триглицериди;
– зголемување на концентрацијата на зрелите хистиоцити во црвената коскена срцевина (повеќе од 3%);
– хемофагоцитоза на хистиоцити во коскената срж, слезината или лимфните јазли.

Дијагностика:

Земање на примерок на коскената срцевина или биопсија на зафатеното ткиво ќе помогне да се потврди дијагнозата. Дијагнозата на хистиоцитозата X се базира на типични клинички, лабораториски и радиолошки податоци. Сепак, за да се потврди, неопходно е да се изврши пункција на коскената срцевина или биопсија на местото на лезија (коска, лимфен јазол), по што следи патолошка анализа.

За да се избегнат дијагностички грешки, мора да се направи диференцијална дијагностика на следниве болести:

– туберкулоза;
– тумори;
– остеомиелитис;
– лимфогрануломатоза;
– фиброзна остеодистрофија итн.

Принципи на третман:

За третман на лицата кои страдаат од хистиоцитоза Х се користат различни опции за комбинирана конзервативна терапија. Добар ефект дава комбинација на кортикостероиди со цитотоксични лекови.Покрај тоа, во третманот може да се користи:
– анти-лимфоцитен глобулин;
– моноклонални антитела кон CD1 антигенот;
– нуклеозидни аналози;
– тимусни препарати;
– терапија со зрачење (на подрачјето на хипофизата).

Со ограничени манифестации на кожата се препишуваат масти со кортикостероиди или ПУВА терапија (терапија со ултравиолетово зрачење во комбинација со фотосензибилизатор). Во примарната хемофагоцитна лимфохистиоцитоза, алогенската трансплантација на коскена срцевина се смета за најефикасен третман.
Третманот на хемофагоцитна лимфохистиоцитоза вклучува хемотерапија за стабилизирање на пациентот пред да се изврши трансплантација на коскена срцевина. Дополнително, се администрираат антифунгални агенси, интравенски имуноглобулини. Во тешка спленомегалија се врши спленектомија (отстранување на слезенката)
Прогнозата на болеста е сериозна, дури и со соодветен третман, само кај 25% од пациентите стапката на преживување е 5 години. Ремисиите се привремени. Трансплантацијата на коскената срцевина е единствениот третман за ова ретко заболување.
Третманот кај децата со хистиоцитоза бара мултидисплинарен пристап, однсоно вклучување на имунолог, хематолог, ортопедхирург, стоматолог, специјалистза уво, нос и грло, дерматолог, ендокринолог и други.

За проектот:
Супер радио, Лолеска Гордана и „Живот со предизвици“ и овој февруари Ве запознаваат со ретките болести во Република Македонија со надеж дека преку овие 29 ретки дијагнози сите заедно ќе научиме нешто повеќе.
Првиот ден на ретки болести беше одбележан во 2008 година, точно на 29-ти февруари, „редок“ датум кој се случува само еднаш на секои четири години. Од тогаш, Денот на ретки болести се одржува секоја година на последниот ден од февруари, месец познат по тоа што има „редок“ број на денови.
Денот на ретките болести е меѓународна кампања за подигнување на свеста за ретките болести. Од почетокот во 2008-ма година, илјадници настани се организираат низ целиот свет и опфаќаат милиони луѓе. Кампањата започна како европски настан и со текот на времето стана глобален феномен, со учество на над 90 земји од целиот свет во 2018 година.

Република Македонија за прв пат се вклучи во одбележување на овиј редок ден во 2013-та година.
Кампањата за Денот на Ретки Болести е за пошироката јавност, за релевантните институции и секој е добредојден да се придружи: пациенти и семејства, организации на пациенти, медицински професионалци, истражувачи, фармацевтска индустрија, јавни здравствени институции – колку повеќе не има, толку подобро. Денот на ретките болести е можност за учесниците да бидат дел од глобалниот повик кон креаторите на политики, истражувачите, компаниите и здравствените професионалци повеќе и поефикасно да ги вклучат пациентите во истражувањата за ретки болести.

Погледнете го видеото со знаковен јазик за болеста Хемофагоцитна лимфохистиоцитоза