Од 07:55ч на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива непречено во зимски услови.

На 06.02. 2020 г.од 08:15 ч. сообраќајот на регионалниот пат „Тетово-Попова шапка“, кој поради наноси од снег од с.Лисец-Попова Шапка беше во прекин во двата правци, е целосно е нормализиран.

На патниот правец Тетово – г.п.Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила.

Од 07:55ч на патниот правец Делчево – г.п. Делчево се воведува задолжителна употреба на зимска опрема ( синџири ) за тешките товарни возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат. Во западниот дел од државата провејува слаб снег.