Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека во земјата починале уште 73 лица од коронавирусот, со што вкупниот број на жртвите достигна 563.

Во Кина се регистрирани 19 случаи на зараза со коронавирус меѓу странски државјани, а двајца од нив веќе се отпуштени од болница, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чун Чунјинг.

Таа истакна дека уште 17 странски државјани се наоѓаат во карантин и се преземаат сите потребни мерки, не откривајќи од кои држави се пациентите.

Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека во земјата починале уште 73 лица од коронавирусот, со што вкупниот број на жртвите достигна 563. Досега бројот на заразените со новиот вирус изнесува вкупно 28.018 луѓе.