Од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: Зошто континуирано се намалуваат привилегиите на крводарителите? Крводарителството како хумана активност значително придонесува во здравствениот систем да има навремено и доволни количини на резерви од крв, за потребите на пациентите.

Наместо стимулирање на нашите сограѓани во поголем број да даруваат крв, изминативе три години постојано се намалуваат привилегиите на крводарителите. Последен пример за тоа е укинувањето на бесплатниот паркинг во кругот на клиничкиот центар во Скопје за сите лица кои ќе одлучат да даруваат крв во Институтот за трансфузиона медицина. Крводарителите кои ќе одлучат да даруваат крв во рамки на овој институт обврзани се да платат паркинг карта од сопствени средства, а претходно тоа беше бесплатно.

Друга привилегија која е укината со доаѓањето на Филипче за прв човек на здравството е и бесплатната биохемиска анализа на крв, која во континуитет повеќе години наназад се вршеше, преку донација на реагенси од страна на Министерството за здравство. Министерството за здравство наместо да го следи примерот на земјите од соседството и останатите европски земји и да се труди да ја стимулира дополнително оваа хумана активност преку овозможување на дополнителни привилегии како што се бесплатен јавен превоз, дополнителни слободни денови, зголемување на бројот на бесплатни медицински услуги кои би им следувале на крводарителите, упорно се обидува да ги одврати крводарителите од дарување на крв, со укинување на веќе постоечките привилегии – посочуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ

Зошто и до кога крводарителите ќе бидат третирани на ваков начин?

Хуманоста е нешто кое треба да се цени и почитува затоа што токму крводарителите буквално спасуваат животи. Ако државата не планира да им возврати на било каков начин на истите, зошто и понатаму тие да продолжат со дарување на крв од една страна и од друга страна се наметнува прашањето дали министерството за здравство и министерот за тендери Филипче намерно и со цел им ги ускратуваат и намалуваат правата и привилегиите на крводарителите? – ова се само дел од прашањата на кои комисијата за здравство реагира, на кои се бара одговор од институциите.

Но, освен комисијата за здравство при ВМРО – ДПМНЕ и загрижени и револтирани граѓани и крводарители бараат соодветно решение за да ова не продолжи со ваквиот тренд и да се доведеме утре како нација, како држава во ситуација да немаме една или две единици крв и при тоа во едно современо и технички напредно општество ние да губиме човечки животи затоа што министерот Филипче нема осет за оваа работа или не му од интерес.

Позицијата на која е поставен Венко Филипче, како министер за здравство, самата со себе носи обврски и должност спрема сите граѓани на Македонија, а воедно и за оваа посебно храбра и недоволно признаена категорија на луѓе, како што се крводарителите. На овие лица со совест и срце треба да им се проширува спектарот на привилегии за да се стимулираат и други граѓани да го направат истото, не да се наметнува спротивен тренд и уништување на така доблесна и хуманитарна група на граѓани и нивната желба за помош.

Дали мирно спиеш Филипче?