И покрај тоа што од Општина Карпош информираа дека по улиците на Трнодол и Жданец цистерни распрскале емулзиона течност, за да нема замрзнување и лизгање на улиците, како за возилата така и за пешаците, тоа не се случи и утринава улиците во овие населби останаа под мраз поради минусните температури, реагираат граѓаните.

На својата „Фејсбук“ страна оваа Општина објави:

-Пред најавените врнежи од снег, зимската служба на Општина Карпош, со цистерни распрскува емулзиона течност на повисоките места (Жданец и Трнодол), со цел да се спречи заледување на коловозот. Оваа течност овозможува и полесно топење на наврнатиот снег, кој се очекува во вечерните часови.

Коментарите на жителите на овие населби во Општината, но и од другите околни населби, како и направените снимки, го покажуваат спротивното.

Еве дел од нив: