Во месец Февруари секоја година во светот се одбележува и превенцијата од пренатални инфекции кои се пренесуваат од мајката на бебето. Тие вклучуваат бактериски или вирусни инфекции кои можат да се пренесат од мајката на бебето во текот на бременоста или во текот на родилниот процес.

Инциденцата на пренаталните инфекции зависи од причинителот, а глобално во 2016-та година беше проценето дека околу 2.6 милиони новороденчиња умреле во текот на првиот месец од својот живот, а околу 700 000 умираат секоја година како резултат на некаква инфекција.

Поради сериозните последици кои мајката и бебето можат да ги имаат, превенцијата од пренаталните инфекции е клучна во одржувањето на здравјето и животот.

Најчестата причина за смртност кај бебињата помали од три месеци е инфекција предизвикана од Група Б Стрептококи кои предизвикуваат менингит и пневмонија кај новороденчињата. Една од четири жени е носител на инфекцијата која може да се пренесе на бебето за време на раѓањето, предизвикувајќи сериозни последици.

Во Велика Британија, пак, околу 500 бебиња секоја година се инфицирани, бидејќи бремените жени не прават рутински тестови за присуствотот на Група Б Стрептококните бактерии.

Стекнувањето на ГБС најчесто настанува за време на породувањето,  при што до две третини од новородените се бактеремични од раѓањето. Ова го лимитира терапискиот пристап. Болеста е веќе воспоставена и морбидитетот и понекогаш смртта се неизбежни, дури и при соодветен третман. Токму затоа превенцијата е повеќе потребна отколку терапијата.