Советот на младите во општина Гостивар на градскиот плоштад организираше бесплатни здравствени прегледи и консултации, во пресрет на светскиот ден на здравјето, 7-ми Април.

Носител на активноста беше одделението за здравство при советот на млади, спроведено во соработка со учениците од средното медицинско училиште.

По повод денот на здравјето се организира оваа активност каде што нудиме мерење на крвниот притисок, нивото на гликоза во крвта, како и бесплатни совети до минувачите. Сето ова се прави со цел да се подгине свеста кај населението за редовните прегледи и да се реагира превентивно при нарушување на здравјето, кажа Миран Исмаили, раководител на одделението за здравство при советот на млади во општина Гостивар.

во контекст на погоре изнесеното организаторите промовираа и здрава исхрана и здрав начин на живеење, организаторите со пушачите разменуваа цигара за јаболко.