00Канцeларијата на фондот за здравство која се наоѓа во Драчево е затворена со месеци.
Жителите на оваа скопска населба со месеци се изложени на непотребни трошоци од страна на државата и на директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.
За да може жителите од оваа населба и од околните населени места на живеење да добијат обична заверка или да може да поднесат документи за боледување или било која друга слична потреба која како услуга ја покрива ФЗОМ истите треба да се упатат до центарот на градот и во централната канцeларија на ФЗОМ да го сторат тоа. Во спротивно ќе останат без одредени поволности или привилегии од ФЗОМ, само поради тоа што ФЗОМ, како и Ден Дончев неколку месеци ја имаат оставено канцeларијата на ФЗОМ во поликлиника Драчево да седи затворена и без персонал.
Тажно и жално е Драчевчани за обичните потреби кои зависат од ФЗОМ секојдневно да патуваат по 40 км и повеќе, како и да им се ускратуваат услуги кои претходно билe обезбедени во нивната населба.
Кога Ден Дончев и ФЗОМ ќе ја корегираат грешката и ќе им го вратат нормалниот начин на функционирање на жителите на Драчево и околните населени места?
До кога ќе трае ова нечовечко и безмилосно однесување кон жителите на Македонија, додека пак од друга страна и самите сме свесни дека постојат ситуации и состојби во кои Владеачката гарнитура заедно со челниците на ФЗОМ се секојпат расположени и без многу размислување и труд веднаш ќе се ангажираат за местење тендери, склопување зделки во четири очи и манипулација на народот со народните пари?
Ќе има ли крај? Оставка за Ден Дончев – порачаа жителите на скопската населба Драчево.