Алергијата на кикирики е една од најчестите во САД, кога станува збор за намирници, а се зголемува и бројот на алергични луѓе во Западна Европа. Научниците поради тоа забрзано бараат решение за овој проблем, а во Америка неодамна е одобрен и првиот третман за ублажување на алергија на кикирики.

Американските здравствени власти го одобрија првиот третман за лекување на алергија на кикирики кај деца.

Станува збор за генеричка постапка AR101, која се користи за орална имунотерапија, а на децата им се дава мала количина на протеини од кикиритки, која постепено се зголемува во текот на шест месеци, под медицински надзор.

Со цел, нивното тело да го толерира случајниот внес на кикирики, неопходно е корисниците континуирано да внесуваат дневна доза.

Сепак, третманот не е лек, а неговите креатори предупредуваат дека постои одреден ризик од потенцијална фатална анафилактичка реакција, како и дека пациентите уште некое време по третманот и понатаму мора да избегнуваат кикирики во исхраната.

Инаку, овој третман е наменет за деца и млади на возраст од четири до 17 години и доаѓа во форма на прав кој се става во храна, а го иновирале научници од Институтот Immune Therapeutics. Со тестирањето на децата е потврдена неговата ефикасност, бидејќи две третини од учесниците по третманот можеле да јадат по две кикирики без алергиски симптоми.