Водно продолжува да се бетонира и без градежна дозвола. На улицата Пржино број 24 во истоимената населба во оптината кисела вода, изграден е потпорен ѕид на плац, покрај веќе урната куќа на Љупчо Гордановски кој до сега, пред да го продаде земјиштето живеел тука.

Инвеститорот Атанас Исајловски вели дека нема да почнат со градежен зафат, без Општина Кисела вода да даде зелено светло. 

Останува отворено прашањето како до сега се одвивале градежните активности во кои е изграден потпрен ѕид од треисетина метри и целосна комунална инфраструктра. Според жителите новите 16 станови кои се градат на градежна маркица од околу 500 метри квадратни ќе предизвикаат хаос во ионака тесната улица
Инвеститорот Атанас Исајловски тврди дека се е во рамки на Законот.
Досегашниот сопственик на плацот вели дека потпорниот ѕид бил изграден во 50-тите години и бил не безбеден, и затоа се одлучиле да изградат нов за да не настане лизгање на земјиштето.
И изведувачот на станбениот комплекс вели дека без дозвола за градба нема да ги удрат темелите. Според цртежот, зградата ќе има паркинг, и сите коли ќе може да се паркираат во и околу објектот.
Сега се разгледуваат сите документи околу издавање на градежната дозвола. Надлежните треба да решат дали и кога ќе биде издадена дозволата.
На ова улица од само три метри треба да разминуваат коли, на потенцијалните нови 16 фамилии, тоа не е возможно, се жалат жителите од Пржино, кои стравуваат по безбедноста на живеењето.
Од ова видео јасно се гледа како при поголем дожд на површина испливуваат фекалии и течат по тесната уличка.
Во меѓувреме комшиите од Пржино молат Бога градските власти да кажат не, на како што велат градежната мафија.