Постојано се појавуваат статии и истражувања поврзани со исхраната, а едно од најновите истражувања говори за тоа како социјалните мрежи влијаат на нашиот начин на исхрана, пренесува Healthline.

Објавите на социјалните мрежи можат да бидат различни. Некои фотографии се направени во рестораните, некои пристигнуваат од комфорноста на домот на вашиот најдобар пријател. Она по што се разликуваат е според содржината- некои се фотографии од брза храна, некој ги фотографира салатите што ги јаде, а некој сака да ве извести дека ужива во семејниот ручек.

Па така, вие ги знаете прехрамбените навики на вашите пријатели и тоа што преферираат да го јадат. Откако ќе ги добиете овие информации, влијаат на тоа на кој начин ќе се храните и вие, сметаат научниците.

Новото истражување говори за тоа како начинот на исхрана на нашите пријатели и членови од семејството можат да влијаат на нашите одлики и на тоа кои намирници ќе ги содржи нашиот фрижидер.

„Можеби несвесно, но сепак го бираме она што ќе го видиме на социјалните мрежи“, објаснува авторката на истражувањето Лили Ховкинс.

Испитани се 369 студени на кои им се поставувани прашања за тоа колку консумираат овошје, зеленчук, слатка храна, енергетски пијалоци, но и за тоа колку време поминуваат на Facebook, Instagram и други социјални мрежи.

Резултатите го покажаа следното: социјалните норми можат да влијаат на прехрамбените навики на два начина: кога некој човек ќе види дека неговиот пријател консумира овошје и зеленчук, и самиот ќе консумира поздрава храна. Вториот резултат пак, покажа дека некогаш едноставно го правиме она што повеќе ни е логично: доколку забележиме дека нашите пријатели прекумерно јадат слатка храна, ќе ги предупредиме дека претеруваат.

„Социјалните мрежи можат да ни бидат мотивација за да се свртиме кон здрав начин на живот“, вели Ховкинс.

извор: Кајгана