Еден од зачините кои ги обожаваме, циметот, има навистина моќно дејство за нашето здравје, освен што дава одличен вкус на храната и на пијалоците.

Самиот цимет доаѓа од кората на истоименото дрво. Освен што е вистинска ризница на антиоксиданти, поволно влијае и врз нивоата на шеќерот во крвта, спречува воспаленија, ја подобрува работата на мозокот.

Доволно е еден прстофат цимет да додадете во кафето или во чајот, а по кратко време ќе забележите дека сте посконцентрирани и имате подобро памтење.

Циметот исто така е и неизоставен дел при превенцијата од хеликобактер пилори и ешерихија коли. Со редовно консумирање, спречувате непријатни мириси на телото, но и придонесувате за забрзување на метаболизмот.

Забележано е и дека го подобрува делувањето на инсулинот, па во консултација со лекар, можете секојдневно да го применувате ако имате проблеми со шеќерот во крвта.