Запалена одводна цевка на вториот кат во тоалет на Клиниката за инфективни болести, по што доцна синоќа се случил пожар кој бил брзо локализиран. Причината за пожарот ќе ја утврдуваат вештаци, а се претпоставува дека пожарот настанал бидејќи во одводната цевка била фрлена запалена цигара.

-Дополнително на ова проблем е дотраената водовна инсталација, да не е во таква состојба нема така лесно да има вакви случаи. Потребно е санација, потребно е одржување на инсталации и на крај потребно е одржување. Нели, ќе имаше и нов клинички центар, вели нашиот извор.

Според истиот мора да се превземат сите мерки за да не случуваат вакви случаи, што значи одржување на застарените инсталации, од една страна, а од друга пациентите и лицата кои ги посетуваат, како и вработените на оваа Клиника, но и во други здравствени установи мора да внимаваат.

-Доколку навистина избувнал пожарот поради фрлена цигара тоа е срамота, зарем не помислуваат што моѓе да се случи и дека има пациенти и вработени во зградата, вели нашиот извор.