Повеќето луѓе ја забележуваат првата појава на брчки во своите доцни 20-ти и раните 30-ти години, а тие се повидливи кај лицата со сува и потенка кожа. Брчките се неизоставен дел од процесот на стареење и никој не ги сака, но и покрај сите козметички и хируршки процедури, не постои начин да ги спречите или трајно да ги отстраните. Покрај годините, брчките може да откријат и многу поважни работи за вашето здравје. Погледнете се во огледало и ако вашето лице има повеќе брчки на одредени места, тоа можеби укажува на некои потенцијални здравствени проблеми.

Хоризонтални линии на челото

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Хоризонталните линии што се појавуваат на челото се нарекуваат и „брчки од грижа“ и со право се наречени така. Лицето кое ги има овие линии на челото најчесто секојдневно преживува голем стрес и ако тие се многу нагласени, тоа значи дека навистина треба да забавите и да ги ревидирате вашите приоритети. Покрај тоа, овие линии може да бидат знак дека внесувате премногу шеќер и пиете многу малку вода.

Брчки над левата веѓа

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Брчките во оваа област се директно поврзани со слезината. Ако забележите дека линиите во близина на левата веѓа за кратко време стануваат поизразени, тоа би можело да биде знак дека слезината не работи како што треба и не би било лоша идеја да посетите лекар и да проверите што не е во ред со овој орган. Освен тоа, слезината се стимулира со одредени видови слатка храна, па внимавајте на количеството шеќер што го внесувате и препорачливо е да јадете суво овошје наместо преработени шеќери.

Брчки над десната веѓа

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Тие се показатели за нивото на токсини во вашето тело. Црниот дроб е поврзан со кожата, поточно со брчките што се појавуваат во близина на десната веѓа. Значи, ако тие линии се појавуваат почесто од вообичаено, тоа би можело да биде знак за нерамнотежа на црниот дроб. За да го решите ова, преминете на органска храна која вклучува зелен и лиснат зеленчук и обидете се да ги елиминирате силните зачини, внесувањето премногу протеини и да ја намалите солта во вашата исхрана.

Брчки над носот

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Брчките во оваа област може да бидат знак дека страдате од алергии, но тие, исто така, може да бидат показател за прекумерна вознемиреност и стрес. Покрај тоа, овие брчки може да бидат поврзани и со намаленото либидо поради дисбалансот на половите хормони.

Длабоки брчки на краевите на очите

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Тие често се појавуваат кај луѓе кои „се смеат со цело лице“, но исто така, може да бидат знак и на слаб вид и напнатост во очите или страбизам. Овие брчки, исто така, се поврзуваат со некои внатрешни органи, особено со црниот дроб, со бубрезите и со желудникот, а се појавуваат при нарушувања на животниот стил и се знак дека треба да ја подобрите исхраната и да го намалите внесот на алкохол.

Брчки на краевите на устата

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Овие брчки се поврзани со функцијата на дебелото црево и може да укажуваат на тоа дека нешто во дигестивниот систем не работи правилно. Можете да си помогнете со пиење повеќе вода, консумирање храна богата со витамин Д, пробиотици и редовно вежбање.

Брчки од смеење

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Специфичните линии што се протегаат од носот до устата на границата со образите се поизразени кај луѓето со заоблено лице. Доколку се силно изразени, тие може да бидат знак на лошо функционирање на панкреасот, што може да се подобри преку консумирање производи како лук, боровинки и грозје.

Брчки над горната усна

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Развојот на длабоки вертикални линии над горната усна е редовна појава кај пушачите. Иако усните стануваат малку отечени и искривени, основната причина за вертикалните линии на усните е пушењето и прекумерната изложеност на сонце.

Сепак, брчките на усните се поврзани и со слезината и може да укажуваат на слабо функционирање на овој орган. Подобрувањето на исхраната преку внесување најразличен зеленчук, вклучувајќи моркови и репка, може да биде корисно за здравјето.

Брчки на вратот

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Линиите на вратот се природен феномен и стануваат поизразени како што стареете. Тие може да бидат резултат на прекумерна тежина, а исто така, може да сигнализираат и здравствени проблеми со тироидната жлезда. Здравјето на тироидната жлезда може да се подобри преку внесување цинк во организмот и намалување на внесот на глутен во вашата исхрана. Меѓутоа, ако состојбата на вашата тироидна жлезда се влошува со текот на времето, најдобро е да побарате лекарска помош.

Брчки под долната усна

Местото каде што ви се појавуваат брчки открива многу за вашето здравје

Линиите што се создаваат помеѓу долната усна и делот на брадата значи дека акумулирате премногу негативна енергија. Ако забележите дека линијата под долната усна е сè поизразена, одвојте малку време за да се опуштите и да го промените пристапот на решавање на проблемите.

 

Извор: https://www.kafepauza.mk/