Не се само жените оние кои поради љубомора и емоции ги тестираат спротивниот пол. И мажите истото го прават со нивните партнерки. Понекогаш за да предизвикаат љубомора, понекогаш едноставно бидејќи им е забавно да ве гледаат лути.

Еве кои се 3-те најчести трикови со кои се служат мажите за да ја тестираат вашата врска и љубов:

1. Зборуваат за нивната поранешна девојка

Дали понекогаш ви зборува за неговата поранешна девојка и нејзиниот однос со неговите родители? Доколку е така, тогаш е сосема јасно дека тој најпрво ја тестира вашата љубомора и истовремено ви дава до знаење колку е важно неговото семејство за него.

2. Ве испитува за вашата работа

Не е никакво изненадување доколку често ве прашува дали имате проблеми со вашите колеги или шефови. На овој начин сака да дознае дали сте кавгаџика и како се справувате со проблемите.

3. Го тестира вашето трпение

Мажите сакаат да го тестираат трпението на нивните партнерки, на пример, со излегување со другарите и откажување на плановите со вас, сакајќи да видат дали сте способни да се контролирате и да останете смирени и љубезни секогаш.