Ве известуваме дека во ООУ Мирче Ацев-Скопје се води секојдневна евиденција и се подготвуваат комплетни извештаи за отсуствата на учениците од наставата. Воедно се контактира со секој родител за причината за отсуството односно за утвредниот наод од страна на матичниот лекар, стои во нивниот демант испратен до медиумите.

-Во моментов во училиштето нема инфективна мононуклеоза. Целосно ја демантирам информацијата дека во училиштето „Мирче Ацев“ има инфективна мононуклеоза, потенцира Ѓурѓица Баталакова, директор на училиштето.