Тим од научници од МИТ посочува дека ХАЛИЦИН лекот ги убива некои од светските најопасни видови микроорганизми. Овој лек е добиен со помош на алгоритамот на кој работеше овој тим во изминатиот период, а кој доведе до ова неверојатно откритие.

За што станува збор?

Тимот од научници на МИТ наместо да пробува преку систем на проби и тестирања со комбинации на различни компоненти кои се соодветни за третирање на одредена бактерија и после извесен период од неколку години да дојдат до некакви првични резултати, тие се ставија себеси во корист на општеството употребувајќи ги во своето работење предностите на модерното живеење и техничко технолошкиот развој на општеството денес во корист на науката и медицината.

Што направија?

Тимот на научници соработувајќи со експерти по програмирање успеаа да направат алгоритам во кој како влезни податоци внесоа компоненти кои помагаат во справување со неколку бактерии меѓутоа посочувајќи при тоа која од компонентите е поделотворна која помалку, класифицирајќи ги и давајќи им на важност според резулатите добиени од терен како и на кој начин соодветната терапија и компоненти реагирале кај пациентите со одредена бактерија. Откако се внесени сите податоци, оставен е алгоритамот сам да работи и комјутерот врз база на точни одговори и грешки да направи илјадници комбинаторики и вкрстувања на различните компоненти додека не дојде до листа од рангирани комбинации на компоненти кои креираат лек од кои некој е помалку или повеќе успешен односно ефикасен.

На сликата подолу е прикажана Петриева плоча на која на десната страна е прикажана бактерија третирана со познати лекови и реакцијата на лекот на бактеријата е мал, додека на левата страна е покажан сад во кој според податоците добиени од алгоритамот и ново создадените комбинации на компоненти и ново добиените лекови имаат поголемо дејство на бактеријата и реагираат многу поефикасно односно лековите успешно ја третираат и со тоа го спречуваат нејзиното понатамошно ширење, растење и размножување.

На овој начин со помош на вештачката интелигенција откриен е моќен лек кој ги убива и најопасните бактерии отпорни на широк спектар на антибиотици.

Тестовите покажале дека лекот агресивно реагира на различни видови бактерии отпорни на антибиотици, вклучувајќи ги и Acinetobacter baumannii и Enterobacteriaceae, две од три високо патогени видови кои СЗО ги рангира како “критични“ во однос на широкиот спектар на антибиотиците на кои се отпорни.

Отпорноста на антибиотици се случува кога бактеријата мутира и механизмот по кој антимикробниот лек делувал на неа до тој момент еволуира, односно се менува. Без откривање на нови антибиотици, 10 милиони животи во светот се изложени на ризик секоја година од инфекции, предупредуваат надлежните.

За да откријат повеќе нови лекови, тимот научници и компјутерџии создале датабаза од 1,5 милијарди соединенија. Тие го наместиле алгоритамот да работи на 107 милиони од овие соединенија. По само три дена програмот дал листа на 23 потенцијални антибиотици од кои два изгледале особено делотворно. Еден од нив бил ХАЛИЦИН-от кој го нарекле по личноста Хал, астронаутот од филмот 2001: Вселенска Одисеја.

Тестовите покажале дека Халицин ја убива Mycobacterium tuberculosis, бактеријата која предизвикува туберкулоза, потоа Clostridium Difficile која предизвикува дијареја и мулти-резистентната Acinetobacter baumannii која кај тешко заболените и заслабнати лица може да доведе до опасни воспаленија на белите дробови, инфекција на рани и труење на крвта (сепса) со смртни последици. Таа е причина за инфекциите од кои страдаат посебно пациентите во одделенијата за интензивна нега.

Тимот очекува во иднина да го искористи алгоритамот во пронаоѓање на антибиотици кои ќе бидат поселективни и ќе делуваат само на бактеријата која ја предизвикува моменталната инфекција, а не и на останатите корисни бактерии во човечкиот организам.