Од извори внатре во ГОБ 8-ми Септември, дознаваме дека на одделот за Неврологија, цела година кружат опасни бактерии кои преставуваат потенцијална закана за пациентите, но сега тоа е поизразено бидејќи присуството на бактерии е дојдено до собите каде лежат најтешко болните пациенти, оние кои имаат доживеано мозочен удар. Состојбата ескалира во оваа здравствена установа во последните неколку месеци кога е пронајдено присуство на бактеријата Acinetobacter како во одделението така и кон и во собите за општа неврологија.

За да се потврдат сомневањата ни беа посочени резултати од неколку пациенти кај кои била изолирана бактеријата во крвта и кај истите предизвикала труење на крвта, додека има потврда за пронајдено и потврдено присуство на истата бактерија и кај други пациенти кај кои била детектирана во белите дробови и во урината.

Директорот Кристијан Костов и покрај секојдневните предупредувања од колегите, персоналот, медицинскиот кадар, дека треба нешто да се превземе тој упорно останувал глув и нем на ваквите нивни предупредувања. Директорот Костов според очевидци покажувал незаинтересираност за санирање на оваа ситуација која трае во ГОБ неполна година и покрај фактот дека се што требало да направи е да го затвори одделението да се изврши целосна дезинфекција и после неколку дена според препораките на надлежните да го пушти во работа санитетски и бактериолошки чист одделот за неврологија, а не вака да преставува извор и жариште на потенцијална епидемија.

Дали намерно директорот Костов ги става во опасност и ги доведува во ризик пациентите и персоналот само со цел да го урне имиџот на институција како што е ГОБ 8-ми Септември? Дали планот на Костов е исто со тој на министерот Филипче, да инситуцијата ја претвори во Јавно – приватно партнерство? Дали е човечки вака да се однесува личност, директор на здравствена институција, доктор кој ја положил својата Хипократова заклетва? Што во меѓувреме да прават тие пациенти кои лежат на овој оддел, како и тие кои се во нужда па, мораат да дојдат или имаат потреба и се присутни во овој оддел, оваа болница? Што со сите кои потенцијално може да се заразат и да се предизвика епидемија од невидени размери?

Како спиете навечер, знаејќи го ова директоре Костов и ти министре Филипче?