Две семејства од социјално ранливи категории од Крива Паланка кои живееја во дел од опожарени бараки на влезот на општината, беа времено дислоцирани и згрижени до изнаоѓање трајно решение, информираат од локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

– Семејствата се со ранливи лица, едното е седумчлено семејство, со пет деца, од кои едно е со пречки во развојот, додека другото лице е само, со хронична болест и е примател на еднократен паричен надоместок. Сите осум лица се времено згрижени и овозможени им се основни услови за живеење, до изнаоѓање соодветно трајно решение. Една до опциите е обезебдување место во зградата со социјални станови во градот – вели градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

Тој ја посети локацијата од која опожарените бараки беа отстранети, расчистен е теренот од страна на екипи на Јавно претпријатие „Комуналец“ и се планира доуредување на локалитетот кој се наоѓа на самиот влез во општината, кај клучката со магистралниот пат А2, Куманово-Крива Паланка-граничен премин Деве Баир.