Владата денес претпладне ќе донесе одлука со која ќе препорача или дури и ќе забрани одржување масовни јавни собири во наредните денови поради коронавирусот, најавува за “360 степени” извор од извршната власт.

Одлуката ќе биде логична последица на предлогот што вчера го утврдил Управувачкиот комитет, највисоката инстанца во системот за управување со кризи во земјава. Овој предлог, пак, доаѓа по препорака на епидемиолозите од Комисијата за заразни болести кои сметаат дека масовните собирања може да придонесат за ширење на вирусот.

Одлуката на Владата ќе се однесува директно на карневалите што претстојниот викенд треба да се одржат во Струмица и во Прилеп, како и на спортските натпревари во следните денови, се појаснува на порталот Либертас.