Медот е една од најзначајните и најдобри намирници за нашето здравје. Тој е одличен извор на едноставни јаглехидрати, глукоза и фруктоза кои се користат за создавање енергија.

Во него има минерали, амино и органски киселини, пигменти, инулин, елементи на комплекс витамини Б.

Еве како може да ви помогне…

Зајакнување на имунитетот: Медот има антиоксидациони и антибактериски својства, па помага при подобрување на работата на системот за варење, го одржува телото здраво и помага во борба против болести. Започнете го денот со топла напивка од половина лимон и лажичка мед.

Болки во грлото: Познато е дека медот е идеален сојузник во лечење на воспалено грло. Поради неговите антибактериски дејства, медот помага и во уништување на некои бактерии кои предизвикуваат инфекција на грлото. Три пати дневно земајте по лажичка мед и растопете го во уста како би го намалиле воспалението во грлото.

Мигрена: Лицата кои често патат од мигрена би требало да испијат напивка од лажичка мед растопен во половина чаша топла вода.

Несоница: Ако често ви се случува ноќе да не можете да спиете, обидете се да го решите проблемот со оваа напивка: во шолја топло млеко растопете лажичка мед. Ако не сте љубител на млеко, чај од камилица со мед, исто така, е добар за опуштање.

Мамурлак: Ако утрото после бурна ноќ и многу алкохол ве мачи мамурлак, спас можете да најдете во медот. Тој е лесен за желудникот и лесно се вари. Содржи мешавина од природни шеќери, како што е фруктоза, кои ја забрзуваат оксидацијата на алкохол во црниот дроб и го забрзуваат процесот на „трезнење“. Обидете се со овој рецепт: 15 мл мед измешајте со 80 мл сок од портокал и 70 мл јогурт.