Охридската болница е единственото место кое располага со инфективно одделение во регионот на Охрид, Струга и Ресен. Оваа болница е една од најстарите здравствени објекти во градот, каде годишно помош бараат повеќе од 1.000 пациенти. Болницата е изградена во 1950 година кога имало епидемија на стомачен тифус во Охрид и Дебарца.

Инфективното одделение не располага со соби за изолација на пациенти кај кои ќе се дијагностицираат високо-ризични инфекции. За здравјето на пациентите се грижат тројца специјалисти инфектолози, а двајца во моментов се наоѓаат на специјализација, така што не е едноставно да се направи и ротација со дежурства посебно во сезоната на грип.

Началникот на инфективното одделение, Светлана Алексиеска, посочи дека инфективното одделение е едно од најстарите одделенија кое никогаш не е реновирано. Во текот на летото таму доаѓаат и странци на кои им треба помош и се прилично изненадени од условите во кои работат. Исто така одделението не може да прими на лекување пациенти заболени од коронавирус при евентуална потреба, појаснува Алексиеска. Таму се упатуваат на лекување пациенти кај кои се дијaгностицирани разни инфективни заболувања од обичен грип, па сè до хепатит, бруцелоза, варичела дури и пациенти кои треба да ја примат вакцината против тетанус.

Директорот на Струшката болница, пак, посочува дека во кај нив нема ниту еден ваков специјалист, но постојат заложби да се формира тим на специјалисти инфектолози, се со цел да се формира одделение за инфективни заболувања и во Струга. Годишно 20 000 пациенти ја посетуваат струшката општа болница.