Спирулината е модрозелена алга извонредна комбинација на Б- керотин, белковини, хлорофил, Б-витамини, ензими, минерали, Гамалиноленска  киселина.

Таа е една од најстарите фотосинтетски форми на живот кои создавајќи кислород во атмосферата овозможиле создавање и еволуција на повисоки форми на живот во природата.

Спирулината е бесмртен организам кој се обновува себеси 3 милијадри години и ја содржи мудроста и искуството на природата кодирана во сопствената ДНК.

Кај нас можеме да ја најдеме во таблети, капсули или во прав, а ова се само дел од нејзините позитивни дејства врз нашето здравје:

Зајакнување на организмот

Спирулината го подобрува метаболизмот, го зајакнува имунитетот, го регулира шеќерот во крвта, холестеролот и триглицеридите.

Закрепнување по операција

Спирулината помага да се обноват клетките кои се оштетени при операција или терапија со зрачење. Таа делува на тој начин што го подобрува имунитетот, а со тоа и регенерацијата на клеточно ниво.

Зголемување на железото

Железото од спирулината има висок индекс на искористливост во телото, споредено со другите фармацевтски препарати кои служат за таа намена.

Добра за слабеење

Со додавање на спирулина во оброците, можете да постигнете брзи и значајни резултати кога е во прашање слабеењето.

Козметички третмани

Од спирулината можете да направите маска за лице. Направете паста од спирулина во прав измешана со вода ако имате масно лице, а ако кожата ви е сува, употребете јогурт.

Кои луѓе треба да внимаваат?

Спирулината има висока концентрација на растителни белковини, па луѓето со бубрежни проблеми мора внимателно да се консултираат со лекар пред да започнат да ја земаат. Таблетите се попрактични за употреба, бидејќи спирулината во прав има вкус кој не можат сите да го поднесат лесно.