опладнево уште едно лице се посомневало на симптоми на коронавирус, по што му бил направен тест со кој се утврдува дека е негативен на вирусот.

Лицето било тестирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје, информираше Министерството за здравство.

Досега има само еден потврден случај на коронавирус кај нас, 50-годишната жена која допатува од Италија и се лекува во изолирана просторија на инфективно. Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека и таа е во рана фаза на заздравување.

Тој, денеска, повикувајќи се на растечкиот број на ново заразени во европскиот регион информираше дека контролата на системот за заштита и превенција во земјава се подигнува на уште повисоко ниво со воведување на „здравствена локатор карта“ за сите патници во авионите на „Виз Ер“ од Милано и Венеција на скопскиот и охридскиот аеродром.

„Ова ќе овозможи добра контрола и следење на патниците. Тие ќе остават податоци за тоа на која адреса престојуваат и доколку во некое сценарио се јави некој патник по одреден број денови со симптоми, многу лесно е да ги лоцираме патниците, особено сопатниците кои седеле неколку реда зад и пред заболениот патник во авионот, како што налагаат препораките“,

потенцираше министерот Филипче.

Останува препораката за забрана за јавни собири која важи до 6 март. Дотогаш Филипче најави дека Владата ќе излезе со нови препораки во зависност од состојбата со ширењето на вирусот