Бугарија– Пет медицински сестри цела ноќ останаа во зградата на Народното собрание на Бугарија откако синоќа се забарикадираа со салата каде заседава собраниската Комисија за здравство и прогласија граѓанска непослушност.

Како што јави Бгнес, во моментов тие се излезени на прозорец на зградата и одбиваат да влезат внатре затоа што им била исклучена струјата.

Бугарското Министерство за здравство соопшти дека дел од нивните барања се исполнети и засега нема да преговара со сестрите.

Бгнес потсетува дека мајки на деца со посебни потреби и медицински сестри вчера прогласија граѓанска непослушност и побараа оставка на целиот кабинет на Борисов. Тие бараат функционален здравствен систем и достоинствени услови за работа.