Минисетерот за здравство на Република Македонија Венко Филипче смета дека поради епидемијата на коронавирусот натпреварот од баражот во Лигата на нации меѓу Македонија и Косово треба да се игра пред празни трибини.

„Сите спортски натпревари, вклучително и Македонија-Косово, според мене треба да се играат без публика. Да бидеме внимателни, очекуваме на меѓународни натпревари да има гости од странство. Оваа забрана (за масовни јавни собири) ќе препорачаме да трае уште една недела, до 13-ти, но во зависност од ситуацијата можно е да донесеме друга одлука“, изјави министерот за здравство на Макеодонија, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

За потсетување натпреварот меѓу Македонија и Косово е закажан за 26. март.