Францускиот нутриционист Паскал Гордон тврди дека секојдневната консумација на шеќер не може на ниту еден начин да ја наруши линијата. Десертите се дозволени, но постојат неколку правила што треба да се почитуваат.

Доколку не ја пречекорите препорачаната дневна доза на калории, тежината нема да ви се смени.

Шеќерот му е неопходен на организмот за да функционира правилно. Кога ќе го скратиме, мозокот почнува неправилно да работи, мускулите слабеат, а се јавува и чувство на замор и безволност. Потполното откажување не е добра идеја, тврди Паскал.

Според него, ригорозните диети не треба да никому да се препорачуваат.

„Тие имаат ефект на кратки патеки, а кога ќе почнете нормално да се храните, килограмите само ќе се лепат за вас.“

Исхраната мора да биде разновидна. Десертите се дозволени, но најдобро е да ги јадете наутро, бидејќи тогаш најбрзо се варат.

„Ако ви се јаде нешто слатко, може да изедете десерт на крајот од оброкот, но никако наместо ужина“, напоменува нутриционистот.

Шеќерот не и’ е непријател на линијата, се’ додека го консумирате на вистински начин и во ограничени количини.