Постојат неколку видови на благ компир или батат (бел, виолетов, портокалов и жолт), но она што е важно е дека тие се богат извор на витамини и минерали.

Извор на витамини и минерали

Слаткиот компир содржи голема количина од овој витамин. Во 100 грама сладок компир има 400% од дневната потреба за витамин А. Освен тоа, изобилува и со витамин Ц, Б3, Б5 и Б6, како и манган, калиум и бакар. Исто така, бататот содржи состојки што важат за силни антиоксиданси.

Погоден за дијабетичари

Адипектин е состојка што може да се најде во благиот компир и има задача да го регулира нивото на шеќер во крвта. Поради тоа, овој компир се препорачува за дијабетичари.

Силен антиоксиданс којшто се бори против канцер

Кинески истражувања покажуваат дека бататот е добар против рак на дебелото црево. Јапонски истражувања, пак, покажуваат дека слаткиот компир има важна анти канцер функција. Богат е и со омега 3 масни киселини во споредба со други видови на зеленчук.