Пронајдени се сите патници од автобусот со кој патувале двајцата заболени од коронавирусот, за кој јавноста беше известена вчера. Министерот Венко Филипче рече дека е препишана домашна изолација, надзор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Инаку во автобусот имало 28 патници – едниот е возачот. За него министерот информираше дека во меѓувреме повторно заминал за Италија и се вратил со нов автобус, кој сега е на граница. Инаку заболените се добро, ама поради нивната возраст влегуваат во ризична група.

„Сите патници се идентификувани, исконтактирани телефонски. Ќе биде назначена домашна изолација. Еден патник е жител на Албанија и за него го известивме и албанското Министерство за здравство. Возачот повторно заминал на тура за Италија, денеска стигнал односно од пред половина час е на Табановце. Автобусот е тргнат на страна, во посебна просторија во сопственост на Царинската управа, а возачот ќе биде прегледан и тестиран. Направен целосен увид, дел интервјуа се завршени, а ќе се направат на сите патниици кои влегле во земјата, рече Филипче.

Министерот информираше дека целосно е подготвен и објектот за изолација во Демир капија. Тоа е дополнителен капацитет од оние кои беа одредени во Велес, Штип и Гостивар. Станува звор за новоизграден објект на МТСП, изолиран е и министерот вели дека е добро место ако има дополнителни граѓани кои ќе бидат во изолација.