ОВЕН

Работа: Полека ги решавате проблемите кои од порано ви претставувале кочници.

Љубов: Ве очекува познанство со личност која ќе покаже дека има кон вас искрени чувства.

Здравје: Поволен ден за рекреација.


БИК

Работа: Можно е ситуацијата на работа да не одговора за вас и размислувате за прекин и за промена.

Љубов: Потребно е повеќе да се потрудите за со партнерот да успеете да остварите подобар однос во иднина.

Здравје: Избегнувајте алкохол.


БЛИЗНАЦИ

Работа: На полето работа може да имате некоја мала загуба ако ризикувате. Денешниот ден не ви е поволен.

Љубов: Доколку ви се допаѓа личност која не е слободна ќе имате компликации.

Здравје: Чувствителни дишни патишта.


РАК

Работа: Потрудете се да се посветите на работата. Од вас сега може да се бара поголема одговорност на ова поле.

Љубов: Можно е да сте дошле до голема караница со саканата личност, и вашиот однос да оди во голема криза.

Здравје: Проблеми со бубрезите.


ЛАВ

Работа: Активно сте посветени на обврските и на работата. Ве очекува ден во кој ќе бидете зафатени.

Љубов: Можеби сте наклонети кон флерт и на полето љубовсега лесно остварувате нови познанства.

Здравје: Потребно ви е повеќе сон.


ДЕВИЦА

Работа: Доколку се занимавате со работа која е поврзана со трговија, надевајте се на позитивни околности денеска.

Љубов: Ве очекува период кој ќе ви донесе љубовни тешкотии.

Здравје: Постепено подобрување на здравјето.


ВАГА

Работа: Можно е да добиете нова работна понуда која ви ја буди желбата за напредок и промени.

Љубов: Комуникацијата со саканата личност ви е променлива. Често имате караници.

Здравје: Чувствителни уринарни патишта.


ШКОРПИЈА

Работа: Ве очекува поволен период кога е во прашање можноста на полето работа да донесете нови одлуки.

Љубов: Надевајте се на интересно познанство и шанса да влезете во нова емотивна врска.

Здравје: Опуштете се со вашите најмили.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Поволен е денот за одмор или патување. Не би требало да очекувате премногу работни обврски.

Љубов: Ако сте слободни, очекувајте поволен период да најдете личност која ви одговара.

Здравје: Проблеми со синусите.


ЈАРЕЦ

Работа: Не ве очекуваат големи промени и проблеми на работа. Денешниот ден мирно ви поминува.

Љубов: Ве очекува прилика да ја обновите комуникацијата со личноста од минатото кон која и натаму имате чувства.

Здравје: Проблеми со циркулација.


ВОДОЛИЈА

Работа: Ве очекува период во кој ќе имате проблеми. Судбината не ви е наклонета и ве очекуваат компликации.

Љубов: Наскоро ќе влезете во врска која може да опстане на долги патеки во иднина.

Здравје: Минлива кашлица.


РИБИ

Работа: Можно е сами себе да си создадете некакви проблеми на работното поле само затоа што реагирате брзоплето.

Љубов: Ви годи внимание и нежност која ви ја покажува личност која ви значи. Уживате во љубовта.

Здравје: Воспаленија.