И Бугарија од денеска е на сѐ подолгата листа земји во кои се појавил коронавирусот.

Бугарските власти објавија дека во земјата се регистрирани првите четири случаи на КОВИД-19, од кои два се во северниот град Плевен, а два во Габрово, во централниот дел на земјата.

Владата соопшти дека денеска ќе одржи итен состанок за да се продискутира за мерките што треба да се преземат против ширењето на коронавирусот.

Бугарија оваа недела прогласи епидемија на сезонски грип во целата земја и ги затвори училиштата до 11 март.

Покрај Бугарија, прв случај на коронавирус пријавија и Колумбија, Костарика, Малта, Малдиви и Парагвај.