Поради непочитување на препораките наша колешка лекар која пред една недела допатувала од Италија е заразена со коронавирус, ова денеска на прес-конференција го потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Тој додава дека станува збор за директорката на клиниката за кожни болести.

-Практично таа по враќањето од Италија пет работни дена одела на работа, а земајќи го предвид овој факт исклучително внимателно пристапуваме кон мерките на клиниката за кожни болести, рече Филипче.

Тој додаде дека таа по враќањето во земјава, на Клиниката немала денови во амбуланта, односно немала контакт со пациенти, што според министерот е мала олеснителна околност.

По извршените проверки на Клиниката ќе се одлучува дали целиот оддел ќе биде затворен, пациентите испратени на домашно лекување, а вработените во самоизолација.

Повеќе детали погледнете во видеото во продолжение.