Министерот за здравство Венко Филипче кој денеска откри дека директорката на клиниката за кожни болести во Скопје е заразена со коронавирусот, пред една година на својот Фејсбук профил споделил видео од истата директорка.

Во истото таа вели дека пациентите се пред сѐ.

-„Пациентите пред сѐ! Тоа е моето основно мото и желба во која најголем дел од животот сум инвестирала“, вели д-р Нина Цаца Билјановска (Nina Caca Biljanovska), дерматовенеролог и докторка на медицински науки, која во моментов е актуелна медицинска директорка на Клиниката за Дерматовенерологија во Скопје.

Покрај извршувањето на нејзината директорска дејност, таа сѐ уште ја извршува и здравствената дејност. Понеделник и четврток се двата дена во неделата, кои ги посветува на пациентите, стоше во неговиот пост на Фејбсук уште пред една година.