Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски пред неколку дена правеше свадба. Меѓу гостите беа високи функционери на СДСМ, но и директорката на Кожна клиника за која денес беше потврдено дека е заболена со коронавирус.

Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која денеска беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот викендов била во друштво на пола СДСМ кои беа гости на свадбата кај Николовски.

Меѓу гостите на оваа свадба беа и екс-премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, екс-разузнавачот Верушевски и други бројни високи партиски и владини функционери, меѓу кои и директори поставени од партијата. Меѓу нив и директорката која има коронавирус.

Кај социјалдемократите во моментов владее страв од коронавирусот, па покрај нервозата за изборните листи, сега имаат многу поголем проблем.

 

Извор: Курир