Потврдени првите смртни случаи од коронавирус во Германија

Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од коронавирусот, објавија германските медиуми. Министерството за здравство во Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека станува збор за едно лице во Хајнсберг и…

Во Германија денеска се потврдени првите два смртни случаја од коронавирусот, објавија германските медиуми.

Министерството за здравство во Северна Рајна-Вестфалија соопшти дека станува збор за едно лице во Хајнсберг и едно во градот Есен.

Претходно, 60-годишен пожарникар од Хамбург почина за време на одмор во Египет.

Според Институтот „Роберт Кох“, моментално во Германија од коронавирус се заразени 1.112 лица.


Related Articles