Неспособноста на Венко Филипче и владата се плаќа со здравјето на граѓаните.Доцната реакција на надлежните институции резултираше со голем број на лица кои се во изолација. Меѓу нив се и лекари.Мерките со кои секојдневно се фалеше Филипче на прес конференции се покажа дека се фарса и се спроведуваат половично, вели Дафина Стојаноска, на денешната прес конференција од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, обвинува дека нема соодветна контрола на граничните премини и на двата аеродроми за рано предупредување за заболени од корона вирус, потенцирајќи дека и заболената директорка на Клиниката за дерматологија се однесувала неодговорно, како и дека поради серија на пропусти од страна на министерот за здравство Венко Филипче, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните.

Прво, нема соодветна контрола на граничните премини и на двата аеродрома за рано предупредување за заболени од корона вирусот. Ако имаше, тогаш немаше вирусот да се шири секојдневно и тоа од луѓе кои допатувале од кризните држави зафатени со епидемија на корона вирусот.Второ, недозволиво е што директорката на Клиниката за дерматологија се однесувала неодговорно. По откривањето на постоењето на вирусот според наши сознанија направен е обид за премолчување на вистината и притисок да не се дознае во јавноста, што е навистина скандалозно. Со несовесно однесување, по направени серија на пропусти Венко Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните. Потребна е одговорност и поднесување на оставка, изјави Стојаноска.

Понатаму, таа додава:

Владата заедно со стручните колеги од министерството да ги преземе следните мерки кои ги бараме:

1.Распуст за децата од предучилишна и училишна возраст

2.Строго евидентирање на сите лица кои влегуваат во државава од кризни зони со корона вирус,

3.Контрола и ограничување на прегледите и интервенциите кои не се со итност со цел да се растерети терциерното здравство и да биде подготвено да одговори на ситуацијата како и да се заштитат пациентите и медицинските лица,

4.Надлежните институции, Центарот за управување со кризи, Државниот здравствен санитарен инспекторат, Комисијата за заразни болести да ги спроведуваат доследно своите надлежности и јавно да претстават акциски планови за делување.

Дилетантскиот пристап на Филипче го загрози здравјето на граѓаните. Потребни се мерки кои ќе дадат резултати, порача Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.