Специјализантка по дерматологија од Тетово е новозаразена со коронавирус во Македонија, дознава „Република“.

Како што дознаваме нејзиниот татко работи како интернист на Клиниката во Тетово.

За овој случај се очекува да информира министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата.

Ако го потврди присуството на коронавирусот кај докторката од Тетово, таа ќе биде осмиот пациент заразен со Ковид-19 во Макеоднија.

Вчера министерот Филипче на прес-конфренција соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести е заболена од коронавируст. Таа била во ризично подрачје, во Италија и откако се вратила оттаму одела редовно на работа, пет дена. Во меѓувреме, неодговорната докторка била и на симпозиум за дерматолози во ресторанот „Рагуза 360“ на кој присустувале 130 лекари, специјалисти од оваа област.

Поради овој случај околу 200 лица се во изолација, а медиумите пишуваат дека родители ги повлекуваат децата од наставата во училиштата.

Студентите од прва година на архитектура се во изолација, бидејќи една од професорките имала контакт со директорката на Клиниката за кожни болести која е на Инфективна клиника и се лекува од коронавирус.

Учениците, студентите и децата од градинките ќе бидат 14 дена на принуден распуст, дознава „Република“ од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство. Комисијата заклучила дека треба да се зајакнат мерките на превенција и упатува сите основни, средни и воскообразовни институции, како и детски градинки да запрат со одвивање на наставно воспитниот процес во следните 14 дена.

Извор: Република