Ве информираме дека од утре, четврток (12.03.2020 год),нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз, стои во соопштението на ЈСП.

-Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 год, мажи со 64 год) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно. Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот, додаваат од ЈСП.

Од таму информираат дека одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, се до наредните препораки.