Се зголемува бројот на заразени лица со новиот коронавирус во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Според Министерството за здравство, вкупниот број на заразени достигна 47 лица. Дел од ново заразените се вработени во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана. Најмногу се вработени на Клиниката за гинекологија, а има и еден потврден случај кај лекар на Клиниката за стоматологија.

Поради се поголем број на заразен медицински персонал на клиниките во Љубљана, забранети се сите посети на болни, а се откажуваат и редовните прегледи кои не се третираат како итни.

Поради зголемениот број заразени лица, воведени се ригорозни медицински прегледи на сите гранични премини.