Вчера, шефот на СЗО, Тедрос Аданом Габриесус изјави дека „глобалното проширување на корона вирусот сега го достигна нивото на глобална пандемија“.

Пандемија е епидемија во светски размери. Епидемија се прогласува кога една зараза болест се шири многу брзо и заразува многу луѓе. Доколку епидемијата не може да се контролира и продолжува да се зголемува, властите може да ја наречат пандемија што значи дека доволен број луѓе се заразени во различни делови во светот и тоа се смета за глобална опасност.

До минатата недела СЗО тврдеше дека сè уште не станува збор за пандемија, но по проширувањето на сите континенти, сега веќе станува збор за пандемија.

Ова е првата пандемија по H1N1. Сега има над 118.000 заболени од Covid-19, болест предизвикана од вирус, во 114 земји во светот.

Директорот на СЗО, Тедрос Адханон Гебрејесус рече дека бројот на случаи надвор од Кина се зголемил за 13 пати во две недели. Тој рече дека е „длабоко загрижен“ за „алармантното ниво на непреземање мерки“.

Пандемија, што доаѓа од грчките зборови „pan“ (сѐ) и „demos“ (луѓе), е термин што експертите за болести го користат кога епидемијата на одредена болест ќе се прошири во повеќе земји и на повеќе континенти истовремено.

Иако самиот збор „пандемија“ звучи страшно, се однесува само на ширењето на болеста, а не на смртоносноста на болеста или колку е тешка. Пандемија значи дека болеста е широко распространета, во повеќе земји и континенти и има зафатено голем број луѓе.